Скопјани ќе плаќаат повисока цена за водата – 35,02 денари по кубик

6

Од овој месец граѓаните на Скопје ќе плаќаат по 35,02 денари за секој потрошен кубик вода, што претставува зголемување од 3,2 денари. Покрај цената на водата за пиење, поскапување има и кај услугите за собирање и одведување на урбаните отпадни води, како и кај прочистувањето, што во целина претставува раст од околу 10 проценти.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја донесе одлуката на 25 август. Од таму посочуваат дека биле приморани да реагираат бидејќи Советот на Град Скопје не ја усогласил цената во законскиот рок и не ги спровел препораките за корекција.

Makedonski