Судскиот совет го разреши контроверзниот судија Енвер Беџети

7

Судскиот совет на Република С. Македонија донесе одлука за разрешување на судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд во Скопје. Според решението, Беџети сторил потешка дисциплинска повреда која го прави недостоен за вршење на судиската функција и со тоа го нарушил угледот на судството.

Со одлуката, Беџети повеќе нема да ја извршува функцијата судија во Апелација. Во образложението на Советот се наведува дека причините за разрешување се „сериозна повреда на јавниот ред и мир, други потешки форми на недолично однесување и нарушување на угледот на судството“.

„Кога е вака нарушен угледот, тој судија повеќе не може да суди, бидејќи не постои веќе доверба“, се наведува во решението.

Разрешувањето доаѓа неколку месеци по тоа што во мај годинава името на Енвер Беџети беше внесено на американската „црна листа“ поради наводна значителна корупција, со забрана за влез во САД. Американските власти тогаш посочија дека Беџети бил поврзуван со одолговлекување и чување предмети во фиока, особено оние што се однесуваат на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Makedonski