Упатството на ААВМУ за политичко рекламирање на седница на Уставен два дена пред изборен молк

5

Уставниот суд на 15 октомври ќе ја разгледува иницијативата на Левица со која партијата го оспорува Упатството на ААВМУ за платено политичко рекламирање во пресрет на локалните избори. Седницата е закажана само два дена пред почетокот на изборниот молк за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.

Уставниот суд вчера соопшти дека ја прифатил иницијативата и оформил предмет под број УЗ. 70/2025. Од таму појаснуваат дека се собираат податоци неопходни за одлучување за поведување постапка, согласно член 28 од Актот на Уставниот суд.

Левица, покрај иницијативата, доставила и барање за донесување времена мерка со која би се стопирало спроведувањето на упатството на ААВМУ.

Од судот посочуваат дека предметите со ознака УЗ се однесуваат на оценување на уставноста и законитоста на прописи или колективни договори.

Makedonski