Првиот есенски снег во Македонија – температурите под просекот
Утрово Македонија се разбуди со ниски температури и врнежи од дожд, а на планините веќе падна и првиот снег оваа есен. На Маврово и Попова Шапка е формирана прва снежна покривка, а снег има и на други планински предели. Се очекува висината на покривката да достигне до 15 сантиметри.
Во пониските места врне дожд, а температурите за овој период од годината се под просекот. Максималната дневна температура ќе изнесува околу 13 степени, додека во Скопје не се очекува да надмине 11 степени.