Бура го парализира Закинтос – затворени училишта и градинки
Сите основни и средни училишта, како и детските градинки на островот Закинтос, денеска останаа затворени по одлука на локалните власти, откако силна бура го зафати западниот дел на Грција.
Невремето започна синоќа, проследено со поројни дождови и силни ветрови кои ги погодија островите во регионот. Властите издадоа предупредувања за внимателност и во областите Ахаја, Илија и Месинија.
Поради обилните врнежи, на север од Крф едно британско семејство со автомобил се заглави во каллив терен на рид, а во акцијата за нивно спасување интервенираше противпожарната служба која ги евакуираше на безбедна локација, пренесе „Катимерини“.
 
			