Контроверзна и шовинистичка изјава на кандидатот на ВЛЕН во Брвеница предизвика бура од реакции

35

До редакцијата на „Инфомакс“ бил доставен дел од интервју на кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на општина Брвеница, Хаќим Рамадани, во кое тој даде изјава што предизвика остри реакции и дебати во јавноста.

Хаќими патем е и директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Во интервјуто, Рамадани изјави дека, дури и доколку не влезе во вториот изборен круг, нема да поддржи кандидат Македонец за градоначалник, бидејќи тоа, според него, би значело „предавство кон сопствените предци“.

Оваа изјава доаѓа во чувствителен момент на изборната кампања, кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за прв пат реши во општините во Западна Македонија да не кандидира сопствени претставници, туку јавно да даде поддршка на ВЛЕН и неговите кандидати.

Инаку, на претходните локални избори Брвеница за прв пат по подолго време доби градоначалник Македонец – Јовица Илиевски, кој беше поддржан од повеќе етнички заедници поради неговите квалитети и работа во општината.

Сега, пак, кандидатот на ВЛЕН, Рамадани, најави дека во случај да не обезбеди пласман во вториот круг, би ја поддржал ДУИ.

Makedonski