Рама ја плесна вистината во лице, колку во Македонија го разбраа?
Албанскиот премиер Еди Рама ја отфрли можноста за територијално обединување на Косово и Албанија, нагласувајќи дека „националното обединување подразбира само приклучување кон Европската унија, се друго е бајка“.
Во интервју за емисијата „Jehona Politike“ на Клан Косова, Рама истакна дека историските модели од 19. и 20. век денес се неприфатливи, а иднината на регионот ја гледа во европската интеграција и јакнење на партнерствата на Косово со меѓународната заедница.
Изјавата следи во период на засилени дискусии околу европската перспектива на регионот. Рама повтори дека единствено можно „обединување“ е она преку политичка и правна рамка на ЕУ, а не со промена на граници.