Уапсени две лица од Трубарево кои палеле кабли во Аеродром
Двајца млади од Трубарево се приведени во Аеродром откако биле затекнати како палат кабли во парк на булеварот „Февруарски поход“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за Т.М. (23) и И.М. (26), кои ги пријавил вработен во општина Аеродром. Полицијата интервенирала на лице место и ги лишила од слобода.
Приведените се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.