Нови сообраќајни правила – забрана за слушалки и мобилни уреди кај пешаци и велосипедисти

12

Од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои пешаците и возачите на велосипеди, мотоцикли и тротинети нема да смеат да носат слушалки во двете уши ниту да користат мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг електронски уред кој може да им го одвлекува вниманието.

Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, новите одредби имаат за цел да ја зголемат безбедноста на најранливите категории учесници во сообраќајот и да го намалат бројот на незгоди предизвикани од невнимание.

„Со ова се поставуваат нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот. Пешаците, велосипедистите, возачите на електрични тротинети и другите опфатени категории се должни да учествуваат во сообраќајот без користење електронски уреди кои го намалуваат нивното внимание,“ порачаа од Советот.

Од таму апелираат до сите граѓани да ги почитуваат правилата и со тоа заеднички да придонесат за побезбедни улици.

Makedonski