Вршителката на должност Амбасадорка на САД во посета на ВЈО Штип

7

Вршителката на должност Амбасадорка на САД Никол Варнес го посети Вишото јавно обвинителство Штип, каде што оствари средба со Вишиот јавен обвинител Ристо Бојаџиски, како и со шефовите на основните јавни обвинителства со проширена надлежност од ова апелациско подрачје.

При посетата, таа се информираше за општите состојби и условите во кои работат обвинителствата во овој регион, недостатокот од човечки и материјални ресурси,  како и со резултатите постигнати особено во предметите кои се однесуваат на борбата против корупцијата, трговијата со дрога и оружје.

Посетата ја реафирмираше соработката меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија во областа на кривичната правда.

Makedonski