Неофицијално поранешниот сириски претседател Башар ал Асад бил отруен и е во тешка здравствена состојба
Здравствената состојба на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е под знак прашалник поради непотврдени информации дека бил отруен во Русија и хоспитализиран.
Сириската опсерваторија за човекови права предизвика полемики со барање до руските власти да излезат со официјално објаснување за наводите дека Асад бил примен во болница во предградието на Москва во критична состојба поради труење.
Руските институции досега не се изјасниле околу овие обвинувања, пренесуваат арапските медиуми. Во меѓувреме, на социјалните мрежи кружат бројни шпекулации за здравјето на поранешниот сириски лидер.
Потсетуваме дека Асад избега во Русија на 8 декември 2024 година, по падот на неговиот режим.
Слични тврдења се појавија и во јануари 2025 година, кога корисник на „Телеграм“ со прекар General SVR објави дека Асад сериозно се разболел по наводен обид за атентат со труење, пренесе британскиот весник The Sun.
 
			