ДИК со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница преку ждрепка го определи редоследот на кој кандидатските листи ќе се најдат на гласачкото ливче за претстојните локални избори.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која настапува во коалицијата „Твоја Македонија“, доби реден број 9, додека опозицискиот СДСМ и коалицијата „За локални избори 2025“ ќе се најдат под број 5.
Редоследот на првите девет броеви на гласачкото ливче е следниот:
- 
Коалиција „Искуство за успех“ 
- 
Движење за наша Македонија (ЗНАМ) 
- 
Демократска партија на Србите во Македонија 
- 
Коалиција „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) 
- 
Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ 
- 
Левица 
- 
Коалиција ВЛЕН 
- 
Коалиција за зелена иднина 
- 
Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ 
На првите девет позиции се сместени парламентарните партии и коалиции. Под редните броеви од 10 до 33 ќе се најдат вонпарламентарните субјекти, а независните кандидатски листи ќе бидат под броеви од 34 до 153.
Како позвучни политички партии кои се најдоа во распон од редни броеви од 10 до 33 беа:
21. ВМРО-Народна партија
23. Движењето за национално единство на турците
Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, додека вториот е закажан за 2 ноември.
 
			