Скопјанец обвинет за семејно насилство и телесна повреда на мајка си

5

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 40-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело телесна повреда согласно член 130 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 21 септември, во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“. Според обвинителството, осомничениот најпрво на висок тон барал пари од своите родители. Таткото веднаш го напуштил дворот, додека синот продолжил со навреди и закани кон мајката.

Потоа ја нападнал физички, обидувајќи се да и го земе телефонот, по што ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот. Жената успеала да се извлече и да избегне потешки последици, но претрпела телесни повреди. Осомничениот продолжил со насилничко однесување, кршејќи предмети во дворот.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство и фактот дека живее во исто домаќинство со оштетената, обвинителството предложи мерка притвор, која треба да ја определи судијата на претходна постапка.

Makedonski