ДИК: Потврдени над 860 кандидатски листи за локалните избори

5

Државната изборна комисија соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници и 558 листи за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје.

Во Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје сè уште има листи кои се во постапка на отстранување на неправилности по укажувањата на општинските изборни комисии. Станува збор за осум листи за градоначалници и 20 листи за советници.

Досега, отфрлени се пет кандидатури за градоначалници – по една за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и за Град Скопје.

Откако ќе заврши постапката за потврдување на сите листи, ќе следува ждрепка за редоследот на кандидатите на единствената листа, која ќе се одржи на 25 септември 2025 година, најавија од ДИК.

Makedonski