Дизелот поскапува, бензините без промена
Регулаторната комисија за енергетика информира дека од полноќ цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, додека дизелот поскапува за 0,50 денари.
Со новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 77,50 ден/лит, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 69,50 ден/лит.