Италијанската премиерка Џорџија Мелони како „медијатор“ помеѓу Скопје и Софија?

8

Италијанската премиерка Џорџија Мелони би можела активно да се вклучи во процесот на приближување на ставовите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се шпекулира помеѓу дипломатски кругови во Скопје. Информациите даваат доза на уверување дека директната улога на Мелони може да донесе позитивен импулс за надминување на разликите и за деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата.

„Мелони е силна фигура во Европската Унија и воедно еден од клучните партнери на САД во Европа. Затоа се смета дека нејзиното вклучување, иако не во форма на класично посредништво, може да помогне за унапредување на спорните прашања меѓу Скопје и Софија“.

Делумна потврда за ова сценарио дал и премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите, најавувајќи можен позитивен развој во односите со Бугарија на почетокот од идната година. „Разговаравме и со премиерот на една од трите најголеми земји во ЕУ“, рече тој, без да прецизира, но остави простор за шпекулации дека станува збор за Италија, која важи за трета европска сила по Германија и Франција.

Makedonski