Две години затвор за поранешната директорка на Националната агенција, Лидија Димова

11

Основниот кривичен суд во Скопје ја осуди поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Со пресудата, Димова е обврзана да плати судски надомест од 10 илјади денари, како и судски трошоци, а во рок од шест месеци мора да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Агенцијата.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи од обвинението за измама, како и третообвинетата Ана Павлиду од делото „несовесно работење во службата“. Според судот, обвинението за измама не содржело доволни елементи за да се докаже кривичното дело, бидејќи не било прецизирано како и со кои лажни податоци е направена штетата врз европските фондови.

„Судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата дала невистинити податоци и со тоа предизвикала штета на фондовите на ЕУ, поради што во овој дел беше донесена ослободителна пресуда,“ изјави судијката Јанчулева Михаиловска.

Обвинението против Димова беше подигнато во јуни 2022 година.

Makedonski