Денеска и утре: Сончево и ветровито
Денеска времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува над 60 километри на час. Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб до умерен, а локално и засилен северен ветер. Утре се очекува ведро и посвежо утро, а преку денот претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.