ЦУК: Активни три пожари, два под контрола, 20 изгаснати
Центарот за управување со кризи соопшти дека утрово на територијата на државата се активни три пожари – во скопската општина Гази Баба, во село Винче, на планината Кожув кај Гевгелија и во општина Зелениково.
Од ЦУК информираат дека два од пожарите се ставени под контрола, додека вкупно 20 се целосно изгаснати.