Албанската православна црква избра нови митрополити за Ѓирокастро и Корча
На седницата одржана на 16 септември 2025 година, Светиот синод на Православната црква на Албанија донесе одлука за нови архиерејски назначувања. За митрополит на Ѓирокастро е избран досегашниот митрополит на Амантија, Натанаил Стергиу, а за митрополит на Корча – досегашниот епископ на Круја, Анастасиј Мамаи, кој претходно служеше како протосингел на Архиепископијата во Тирана.
Интронизацијата на митрополитот Натанаил ќе се одржи на 20 септември во катедралната црква „Воскресение Христово“ во Ѓирокастро, додека свеченоста за митрополитот Анастасиј е закажана за 27 септември во истоимената катедрала во Корча.
Новиот митрополит на Ѓирокастро, Натанаил, е роден во Грција во 1957 година. Образованието го стекнал во Света Гора и во Солун, а повеќе од две децении служел во Ѓирокастро како парох, духовник и професор. Во 2012 година бил хиротонисан за архиереј од покојниот архиепископ Анастасиј.
Митрополитот на Корча, Анастасиј Мамаи, е роден во Албона во 1979 година. Завршил студии по филологија и теологија, а има и магистратура по деловна администрација. Професионално работел во банкарскиот сектор, додека црковната кариера ја започнал по 2006 година како член на советот на Албанската православна црква. Ракоположен е за свештеник во 2019 година, а архимандрит станал во 2020 година.