Обвинителство и МВР со увид по пожарот во Трубарево
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото каде што избувна големиот пожар во Трубарево. Освен причините за избувнувањето на огнот, предмет на проверка било и складирањето на отпадот на локацијата.
При увидот биле направени фотографии и дронски снимки, но поради затрупаноста на теренот и безбедносните ризици, работата на екипите била отежната. По наредба на обвинителот, просторот ќе остане обезбеден и во наредниот период за потребите на истрагата.
На локацијата ќе продолжат дополнителни мерења на загадувањето од страна на Министерството за животна средина, а се очекува и ангажман на вешто лице од областа на екологијата.
Сè уште е присутна и противпожарна екипа, бидејќи на делови од локацијата се јавуваат повремени чадења и постои опасност од повторно разгорување. Обвинителството најави дека ќе продолжи со дополнителни активности за целосно расветлување на случајот.