СДСМ бара оставка од Тошковски и разрешување на целото СВР Велес по трагедијата во Велес

5

СДСМ денеска побара итно разрешување на целото СВР Велес и одговорност од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по двојното убиство и самоубиството во Велес. Од партијата велат дека трагедијата можела да се спречи и дека случајот не е прашање на партиска политика туку на човечки и етички норми.

Во соопштението се истакнува дека жртвата повеќепати пријавувала закани, насилство и кражби — според дел од медиумските извештаи, и повеќе од 70 пати — но институциите не презеле доволни мерки за нејзина заштита. СДСМ наведува дека полицијата и социјалните служби биле известени, но не реагирале навремено, поради што, како што порачуваат, биле загубени два човечки животи.

„Ова е сигнал дека системот потфрлил. Кога системот не може да ги заштити жените, потребна е коренита промена и одговорност“, посочуваат од партијата и додаваат дека бараат итни мерки за реформа и конкретни одговорности за надлежните.

Во соопштението СДСМ го повикува јавноста и институциите да реагираат, прашувајќи колку животи уште треба да згаснат додека Тошковски не понесе одговорност.

Makedonski