Над 500 службени возила веќе со нови специјални таблици, граѓаните ќе бидат „дежурни полицајци“

7

Над 500 службени возила веќе добиле нови унифицирани регистарски таблици, а постапката за останатите е во завршна фаза и треба да биде комплетирана во следните две недели, изјави денеска директорот на Секретаријатот за одржлив развој (СОЗР), Ивица Томовски.

Томовски објасни дека специјалните таблици се воведуваат за полесно препознавање и јасна разлика меѓу службените и приватните возила.

За време на посетата на Општина Гази Баба – првата скопска општина која целосно ја завршила замената на таблиците – тој информираше дека граѓаните од денеска можат да пријавуваат сомнежи за незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила на телефонскиот број 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk.

„Ги охрабрувам граѓаните да ги пријавуваат злоупотребите. Ние ќе ги препраќаме пријавите до надлежните институции, кои ќе постапуваат за потврдување на случаите и изрекување на санкции,“ изјави Томовски и апелираше институциите да направат рационализација на возниот парк.

Makedonski