Над 350.000 Палестинци евакуирани од градот Газа

5

Повеќе од 350.000 жители на градот Газа досега се евакуирани во други делови од Појасот, соопшти израелската војска (ИДФ).

Според извор од одбраната, кој го пренесе „Тајмс оф Израел“, илјадници лица го напуштиле градот во текот на ноќта поради интензивни воздушни напади. Се очекува бројот на раселените да продолжи да расте со напредувањето на копнената офанзива на ИДФ против Хамас.

Проценките велат дека пред почетокот на офанзивата во градот Газа живееле околу еден милион луѓе. Минатата недела ИДФ издаде наредба за евакуација на цивилите од сите делови на градот, упатувајќи ги кон хуманитарната зона на југот од Појасот.

Палестинските медиуми јавуваат дека изминатата ноќ израелската армија извела серија интензивни воздушни напади врз градот Газа.

Makedonski