Земјотреси регистрирани во Бугарија и Грција

7

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија. Епицентарот бил на 57 километри од Бургас, на длабочина од 16,8 километри. Нема пријавени материјални штети.

Во текот на утрото е забележан земјотрес и во Грција, со интензитет од 4 степени и длабочина од 17 километри. Епицентарот бил во близина на островот Санторини, а потресот бил почувствуван и на самиот остров, како и на соседните островски групи.

Makedonski