Утре во Скопје мирен собир во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“
Утре, на плоштадот Македонија во Скопје, во 20:16 часот, ќе се одржи мирен собир по повод шест месеци од најголемата трагедија во поновата историја на земјава – пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.
Организатори на собирот се повеќе студентски движења, кои велат дека настанот ќе биде во знак на почит кон жртвите и нивните семејства.
View this post on Instagram