На полноќ завршува рокот за поднесување кандидатури за Локални избори 2025

12

Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори закажани за 19 октомври.

Сите заинтересирани кандидати за градоначалници и листи за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје своите кандидатури можат да ги достават преку овластени предлагачи до Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).

Комисиите по приемот ќе проверуваат дали листите се поднесени во рок и во согласност со Изборниот законик, како и дали кандидатите ги исполнуваат условите утврдени со закон. Надлежните институции се должни да ги достават потребните податоци во рок од 24 часа, без надомест.

Кандидатските листи може да се повлечат во рок од 48 часа од потврдувањето на конечните листи, но само во целост. Сите листи поднесени од ист подносител ќе добијат ист реден број во сите општини и во Скопје.

Ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатските листи ќе ја спроведе Државната изборна комисија најдоцна до 25 септември.

Makedonski