Жителите на општина Карпош рано утринава вознемирени од ниски прелети на авион
Рано утринава околу 06:00 часот на небото можеше да се забележат два мали авиони кои според Flightradar24.com се забележува дека крстоуваат на потегот општина Карпош па се до општина Аеродром и така во круг.
Граѓаните на Карпош реагираат дека порано вакви прелети биле најавувани ден претходно доколку се работело за прскање или пак гаснење на пожари што во овој случај не е ниту едното ниту другото, па се прашуваат на кого му бил потребен низок прелет над општина Карпош и за какви потреби особено во време кога скопјани рано наутро во сабота одмараат после работната недела претходно.
Моторот на авионот се слушаше како да ни поминува низ соба, а живееме во зграда.
реагираа жители на општина Карпош.
Според кажувањата прелетите особено значително ги почувствувале граѓаните кои живеат во станбените згради, а никаде нема известување дека за денеска бил предвиден прелет на овој потег и за некоја потреба.
Од достапните информации на интернет, се работи за воздухоплов со регистарска ознака Z3-DAM од типот „Partenavia P68B Victor“ во сопственост на Аеро клуб „Скопје“, а со адреса на спортскиот аеродром „Стенковец“.
Доколку не е противпожарен авион, тогаш по чија нарачка е непријатното „будење“ на скопјани од рано утрово?