Сообраќаен метеж кај патарина Миладиновци, маглив поглед кон Скопје
Ги известуваме сите кои патуваат од Скопје кон патарина Миладиновци дека е формирана колона на возила и камиони која се движи многу бавно. Засега нема информации на што се должи застојот.
А кога ќе го свртите погледот позади, односно од Миладиновци кон Скопје ќе можете да го забележите смогот кој е присутен уште од раните утрински часови како и чадот од Дрисла кој го формира тој маглив слој на смог од кој последниве два дена се жалат скопјани.
