Гужви на границите: Чекање до еден час на „Богородица“
На Граничниот премин „Богородица“ за излез од државата кон Грција се чека од 40 минути до еден час, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Задржувањата се должат на зголемениот интензитет на сообраќај поради летните одмори, како и продолжениот викенд за 8 Септември – Денот на независноста.
На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.