Утрово е почувствуван земјотрес на територија на Валандово и Струмица

5

Според најновите информации од телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 13 минути, регистиран бил земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје.

Според Рихтеровата локална магнитуда се работи за земјотрес од ML2.2, којшто прво започнал и имал епицентар во Валандово, потоа се раширил на околните места.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, од опсерваторијата и мрежата барадаат доколку сте го почувствувале земјотресот, да се пополни прашалникот или да се јавите на 112 да се кажат сите инфорамции.

Makedonski