Видео од Црниче предизвика поделени реакции – детска шега или хулиганство?

5

На Фејсбук страницата „Населба Црниче, Скопје“ беше објавено видео од безбедносна камера на кое се гледа како дете подига и легнува заштитно столпче поставено на дел од тротоар покрај улица.

Во описот на објавата стои: „Ве молам да објавите. Оваа снимка ќе оди во полиција. Родителот да си го прибере детето“.

Снимката предизвика различни реакции меѓу жителите. Дел од нив сметаат дека станува збор за детска игра без посериозни последици, додека други го нарекоа „хулиганство“ за кое треба да одговараат родителите. Имаше и коментари дека објавувањето на видео со малолетник е спорно и дека авторот на снимката немал право да ја сподели.

Makedonski