Златото на историски рекорд – цената над 3.500 долари за унца

5

Цената на златото за моментална испорака денеска се искачи за 0,9% и достигна 3.508,73 долари за унца, што е нов историски рекорд и надминување на претходниот максимум од април годинава. Од почетокот на 2025 година, вредноста на овој благороден метал порасна за 30%.

Аналитичарите појаснуваат дека растот е поттикнат од очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД во текот на месецов, како и од најновите податоци за инфлацијата во еврозоната.

„Инвеститорите ја зголемуваат својата изложеност на злато, особено во пресрет на одлуката на ФЕД, што дополнително го поддржува растот на цената“, изјави стратегот на UBS Group AG, Џони Тевес.

Експертите предвидуваат дека златото ќе продолжи со нагорен тренд и во следните квартали. Тие посочуваат дека пониските каматни стапки, слабите економски показатели, заедно со геополитичката неизвесност, ја зацврстуваат позицијата на златото како сигурно засолниште и средство за диверзификација на инвестициите.

Во 2010 и во 2020 година поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во неколку наврати апелираше до тогашните власти дека е вистинското време за купување односно претворање на девизните резерви на Македонија во злато. Тогаш се очекуваа значителни покачувања на вредностите на златото и нафтата за денеска да се искачи на рекордно ниво, што доколку Македонија го послушаше Георгиевски тоа ќе значеше дополнителни милиони средства во македонскиот буџет.

Но како и скоро секогаш визионерските погледи на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија беа дочекани на нож па секоја логична и добронамерна идеја беше  пуштена „низ Вардар“ како воопшто да не била ни отворена за дискусија.

Makedonski