Руските сили погодиле електрана близу Одеса, 29.000 потрошувачи без струја

5

Руското Министерство за одбрана соопшти дека единаесет дронови биле соборени над Волгоградската област, додека други биле уништени над Ростовската, Белгородската и Брјанската област во југозападна Русија. Информацијата беше објавена во неделата на Телеграм, по ноќен напад.

Гувернерот на поширокиот регион на Одеса, Олег Кипер, исто така преку Телеграм информираше дека градот Чорноморск, во близина на Одеса, бил најтешко погоден. Во нападот се оштетени станбени објекти и административни згради.

„Критичната инфраструктура функционира со генератори“, изјави Кипер, додавајќи дека една личност е повредена.

Од Москва засега нема коментар. Русија континуирано ја таргетира клучната инфраструктура на Украина за време на 42-месечната војна, која започна со нејзината инвазија.

Минатиот четврток, при руски напад врз повеќе региони во Украина, во Киев загинаа 25 лица.

Makedonski