ОБНОВЕНО: Голем пожар над Нерези, чадот се шири кон Скопје

12

17:33| Противпожарните екипи се на терен и се интервенира на пожарот, според информациите од терен, се очекува за брзо време да биде ставен под контрола.


Попладнево избувна голем шумски пожар над скопската населба Нерези, кој поради силниот ветер брзо се движи кон Водно. Очевидци јавуваат дека пламените јазици зафатиле значителен дел од шумата, а чадот веќе е присутен во повеќе делови од градот.

Од Центарот за управување со кризи засега нема официјални информации во врска со пожарот.

Фото: Нерези 57
Makedonski