Одбележан големиот празник „Успение на пресвета Богородица“
Со присуство на огромен број верници во црковниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, тржествено, со света литургија беше одбележан големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица.
Претесна беше соборната црква на плоштадот „Пресвета Богородица“ за надојдениот народ, а звуците на црковниот хор „Рождество на Пресвета Богородица“ одекнуваа за време на целата света литургија со што го збогатија овој голем настан и празник во душите на сите кои го прославуваат.
Како што Мајката Божја секое слово на Спасителот го слушала и го пазела во срцето, така и нам ни кажува да слушаме, што вели Тој и сите Негови зборови да ги пазиме во срцето. Но не просто да ги запомниме, туку според нив и да се раководиме во животот.
беше кажано од црковниот олтар по што настапи светата причест и присутните верници си го честитаа големиот празник со зборовите „За многу години“ и „На помош да ни е“.
 
			