„Пустинска бура“ пред и околу Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Она што треба да биде огледало на културата и образованието на Македонија, една од градските архитектонски реликвии на Скопје, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ тоне во институционален заборав и неодговорност пропратен со ѓубре, она што периодов најмногу го краси нашиот главен град.
Но што е најстрашното и најтрагично? Што ниту една институција, национална или градска не најде за сходно да го расчисти овој „пекол“ од поглед, особено што е наочиглед на луѓе од цела Македонија и светот, токму поради локацијата помеѓу двата најфреквентни булевари во Скопје.

Зјаат исушени и „наѓубрени“ дворови, истрошени фасади кои ги гризе забот на времето, а е една од најважните образовни институции.
Се менуваа Влади и градски власти ама грдата слика пред и околу библиотеката секогаш се провлекува и се надополнува, од година во година. Иако, нечии усти се полни со критики за тоа како се води урбанизацијата особено во Скопје, но ниту една уста не ја спомена библиотеката која однадвор личи на некоја запуштена зграда која сведочи за свеста на институциите кога станува збор за управувањето и чувањето на она што треба да биде врвен приоритет.
Прифаќаме и сега да се „среди“ нередов, иако ова не е предизборна желба ниту ветување туку потреба и одговорност на надлежните, а за одговорност поради неодговорноста како тргнала работата ќе се изначекаме.

 
			