Францускиот премиер Бајру ќе бара доверба за буџетот за 2026 година
Францускиот премиер Франсоа Бајру најави дека на 8 септември ќе побара изјаснување за доверба во парламентот во врска со буџетот за 2026 година, кој предвидува мерки за фискална консолидација.
Буџетот содржи кратења во вредност од 43,8 милијарди евра, како одговор на значајниот буџетски дефицит со кој се соочува земјата.
Левичарските партии во Националното собрание веќе најавија иницијатива за недоверба на владата, додека синдикатите повикаа на општ штрајк на 10 септември.
Бајру, кој ја предводи малцинската влада од декември, успеа да преживее гласање за недоверба во јули благодарение на одлуката на крајнодесничарската Национална алијанса на Марин Ле Пен да не ја поддржи социјалистичката иницијатива. Сега, пак, останува неизвесно како оваа партија ќе се постави при новото гласање.
Франција моментално има државен долг од 114% од БДП, што ја става меѓу земјите со највисок сооднос долг-БДП во еврозоната.