Македонија се сеќава на терористичкиот напад врз мотелот „Бриони“ во тетовско Челопек

58

По 24 години од масакрот врз двајцата чувари на мотелот „Бриони“ во село Челопек (тетовско) и денеска Македонија се сеќава на Боге Илиевски и Светислав Трпковски кои врзани за бетонски столб со експлозив беа грозоморно убиени.

И ден денеска останува дилемата кој навистина стои позади ваквото недело и дали некогаш некој ќе одговара за двата невини животи.

Овој грозоморен чин се случува по две недели од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена од разрушувањето на Лешочкиот манастир каде под скоро исти околности со употреба на експлозив беше нападнат и разрушен манастирот без жртви.

Makedonski