Турски министер казнет за брзо возење поради видео на социјалните мрежи

7

Министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу, доби казна за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео во кое вози со 224 километри на час на автопатот Анкара–Нигде, пренесе порталот T24.

Иако целта на видеото била промоција на автопатот, на снимката јасно се гледа дека министерот вози многу над дозволеното ограничување од 140 км/ч.

Објавата предизвика лавина реакции и критики од корисниците на социјалните мрежи, кои го обвинија Уралоглу за непочитување на сообраќајните правила. „Зошто не ги почитувате ограничувањата на брзината, господине министер?“, праша еден корисник, додека друг додаде: „Министрите прекршуваат правила, а граѓаните се казнуваат без двоумење.“

По бурните реакции, Уралоглу потврди дека бил регистриран од радар и санкциониран. „Седнав зад воланот за да го проверам автопатот и за кратко време несвесно ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите“, напиша тој, извинувајќи се и најавувајќи дека во иднина ќе биде повнимателен.

Makedonski