Уапсен родител по инцидент на младински фудбалски натпревар во Штип
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (24.08.2025) е уапсен 43-годишен родител од Скопје поради физички напад врз двајца малолетни фудбалери на ФК „Брегалница“ за време на младински натпревар против ФК „Шкупи“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип.
Напаѓачот, идентификуван како А.А. (43), влегол на теренот и им нанел повреди на двајца 15-годишни играчи. Тие веднаш биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување медицинска помош, а осомничениот бил приведен од полицијата.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.