Касами: Намалувањето на бројот на советници нема етничка основа

6

Градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами, денеска изјави дека одлуката за намалување на бројот на советници во дел од општините нема етничка основа, како што тврди албанската опозиција.

„Општините со мнозинско македонско население имаат изгубено повеќе советници од оние со мнозинско албанско население. Ова не треба да се злоупотребува за дневна политика“, рече Касами.

Тој упати повик до Уставниот суд побрзо да одлучува по ова прашање, за да се избегнат недоразбирања пред претстојните избори.

Makedonski