ЕБР одбележува 24 години од формирањето – сеќавање на загинатите колеги

3

Единицата за брзо распоредување денеска го одбележува 24-годишното постоење. По повод годишнината, од ЕБР потсетија дека покрај оддавањето чест на професионализмот и посветеноста на припадниците, никогаш не смеат да се заборават колегите кои го дале животот за безбедноста и мирот во државата.

„Нивната жртва е темел на нашата слобода, а нивната храброст останува пример за идните генерации. Вечна им слава и почит“, порачаа од Единицата преку социјалните мрежи.

Makedonski