Пожарот во ловиштето „Јасен“ изгаснат со утринскиот дожд, остануваат жешки точки
Утринскиот дожд кој започна околу седум часот и траеше нешто повеќе од два часа помогна да се изгасне пожарот во ловиштето „Јасен“, кој беснееше повеќе од десет дена, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
И покрај обилните врнежи, на одредени делови од пожарната линија и понатаму се забележува чадење. Надлежните најавуваат дека по расчистувањето на маглата ќе продолжи пешадиско дејствување врз жешките точки. За дополнителна контрола, теренот ќе биде прегледан и со дронови со термални камери.
Екипите на ЈП „Јасен“ остануваат на терен и ќе патролираат сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.
Од ДЗС упатија апел до граѓаните за внимателност со цел да не се предизвикаат нови пожари и да пријават секое сомнително однесување.
„Доколку граѓаните забележат електрични жици кои се допираат или искрат, веднаш да пријават во ЕВН или на бројот 112“, се наведува во соопштението.