До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор
Активни остануваат пожарите во Јасен, на подрачјето на Општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума, во селото Церево во Општина Маврово и Ростуше каде што е зафатена дабова нискостеблеста шума и сеча, како и во близина на Неготинска петља кон атарот на село Чегране во Општина Гостивар и кај село Светомитрани, Општина Крушево, каде што гори ниска вегетација.
Под контрола е ставен пожарот во атарот на прилепското село Беловодица, на локалитетот Ливада, каде што беше зафатена букова шума.
Во текот на денот изгаснати се осум пожари: два во селото Средно Коњаре, Општина Петровец (ѓубриште и ниска вегетација со ѓубре), еден кај Перо Наков б.б. во Општина Гази Баба (ѓубриште), во село Драслајца, Општина Струга (ѓубриште), во село Сараќино, Општина Тетово (ниска вегетација), село Стрмница, Општина Желино (ниска вегетација), село Облешево, Општина Чешиново-Облешево (ниска вегетација) и во близина на селото Криволак, пред касарната во Општина Неготино, каде што гореше ниска вегетација и напуштен овоштарник.
 
			