Двајца стружани со кривична пријава под сомнение дека извршиле обид за убиство
СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца стружани, А.А. (46) и А.Е. (27), под сомнение дека извршиле обид за убиство.
Според информациите од МВР, на 16 август 2025 година пред угостителски објект во Струга, двајцата осомничени физички го нападнале 30-годишниот Н.Д. од селото Велешта, при што употребиле остар предмет.
 
			