Затворен патот Македонски Брод – Скопје поради пожарот во „Јасен“
Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје и понатаму е затворен за сообраќај поради пожарот кој зафати дел од Националниот парк „Јасен“, соопшти АМСМ.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека огнените јазици зафатиле мешана шума.
Во гаснењето се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и Противпожарната бригада на Град Скопје. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека се користат сите расположливи ресурси за локализирање на пожарот.