Напната атмосфера во Демир Хисар околу спорот со директорката на средното училиште „Св. Наум Охридски“

10

Демир Хисар и денес беше во фокусот на јавноста поради продолжувањето на тензиите околу директорката на средното училиште „Св. Наум Охридски“, Маја Лозановска.

Според достапните информации, утрово Лозановска, придружувана од својот адвокат Жарко Стефановски, пристигнала во училиштето, каде што – согласно законските одредби – сè уште ја извршува функцијата директор. На лице место било констатирано дека нејзината канцеларија е обиена, а случајот е пријавен во полиција.

Лозановска тврди дека била незаконски разрешена од страна на градоначалникот на Демир Хисар, непосредно пред локалните избори, и тоа додека се наоѓала на боледување. Таа и нејзиниот правен застапник сметаат дека разрешувањето било обид да се дојде до печатите на училиштето, кои се чувале во сеф во нејзината канцеларија.

Во вербален спор со жената која се претставила како в.д. директор, адвокатот Стефановски истакнал дека разрешувањето е спротивно на законските процедури и дека Лозановска е единствено легитимна директорка. Жената побарала разговорот да не се снима, но адвокатот одбил.

Напната атмосфера имало и пред училиштето, каде полицијата ги легитимирала присутните новинари – постапка за која новинарите тврдат дека е спротивна на законските стандарди.

Makedonski