ДЗС во акција – отстранети неексплодирани гранати од Првата светска војна близу Меџитлија и Старо Градско

10

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во изминатата недела успешно спроведе две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства од Првата светска војна.

Првата акција се одвила во близина на граничниот премин Меџитлија кон Грција, на подрачје зафатено од шумски пожар, каде по пријава од граничната полиција биле отстранети две артилериски гранати од 75 мм без запалки.

Втората интервенција била во Старо Градско, на локацијата Песоци покрај реката Вардар, каде по пријава од локалната полиција биле безбедно подигнати една артилериска граната (75 мм), една минофрлачка граната (75 мм) и две артилериски гранати (85 мм).

И покрај ограничениот број на пиротехничари, ДЗС успешно реагирала, при што пиротехничарот Ѓорги Стефанов ги транспортирал средствата до безбедна локација за нивно складирање пред уништување во Центарот за воена обука „Криволак“.

Од ДЗС потсетуваат граѓаните дека при пронаоѓање сомнителни предмети, веднаш треба да ја известат полицијата или регионалната канцеларија на ДЗС и да не постапуваат самостојно.

Makedonski