Акциска контрола во ноќен клуб во Гостивар – приведени четири странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој

11

Во ноќните часови на 30 јули, полициски службеници од ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во ноќен клуб лоциран на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во сопственост на 49-годишниот Ј.А. од Гостивар.

При контролата, која се одвивала од 01:05 до 02:10 часот, биле затекнати 15 женски лица на возраст од 31 до 42 години – од кои 11 се македонски државјанки, а четири се странски државјанки од Србија и Украина.

Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица, поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој. Против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Makedonski